Muhammed Boztepe
02 Октомври 2024•Ажурирај: 03 Октомври 2024
АНКАРА (АА) - Шахистот Јагиз Каан Ердогмуш се наоѓа на врвот на ранг-листата на ФИДЕ како најмлад велемајстор во светот (ГМ) кој има освоено над 2600 рејтинг-поени, известува Анадолу.
Турската шаховска федерација го објави следното:
„Нашата млада ѕвезда, шахистот Јагиз Каан Ердогмуш, е најмладиот велемајстор на светот кој собори нов рекорд. На рејтинг-листата на ФИДЕ нашиот спортист Јагиз Каан стана првиот шахист во светската историја кој надминал 2600 рејтинг-поени.
Велемајсторот Јагиз Каан Ердогмуш, роден на 3 јуни 2011, воедно е и еден од четворицата најмлади шахисти на светот според возраста на освојувањето на титулата велемајстор (12 години, 9 месеци и 30 дена).
Титулата најмлад велемајстор на светот е во рацете на Американецот Абхиманју Мишра (12 години, 4 месеци и 25 дена), по кој следуваат Сергеј Карјакин од Украина (12 години, 7 месеци) и Индиецот Гукеш Домараџу (12 години, 7 месеци, 17 дена).