Dejan Maksimoviç
28 Септември 2019•Ажурирај: 30 Септември 2019
ТОРИНО (AA) – Џанлуиџи Буфон, голманот на Јувентус, повторно влезе во историјата на италијанскиот фудбал како Италијанец со најмногу настапи во сите клупски натпреварувања. Имено, Маурицио Сари, тренерот на „старата дама“, одлучи Буфон да биде дел од тимот за првиот дуел против СПАЛ, со што легендарниот голман го запиша 903-от настап за некој клуб во официјален натпревар, пренесува Anadolu Agency (AA).
Со тоа Буфон го надмина Паоло Малдини, некогаш одличниот дефанзивец на Милан, кој во текот на кариерата одигра 902 натпревари. Сепак, Малдини останува рекордер по бројот на настапи во Серија А, со 647 натпревари.
Интересно, Буфон минатата сезона не ја помина во Јувентус, туку во Париз Сен-Жермен со кој го освои Суперкупот и првенството на Франција. Но оваа сезона одлучи да се врати во клубот во кој го помина најголемиот дел од кариерата.
Буфон во Серијата А дебитираше за Парма во ремито 0 : 0 против Милан на 19 ноември 1995 година. Во Јувентус премина во 2001 година и бранеше во 658 натпревари. Во дресот на Парма одигра 220, а во ПСЖ 25 натпревари. На голот на репрезентацијата на Италија, Буфон стоеше дури 176 пати, по што исто така е рекордер.