Dejan Maksimoviç
18 Јули 2017•Ажурирај: 19 Јули 2017
ЛОНДОН (AA) - Голманот на англиската репрезентација, Џо Харт, според наводите на британските медиуми, ги помина лекарските прегледи и денес ќе го финализира доаѓањето на едногодишна позајмница од Манчестер Сити во Вест Хем, пренесува Anadolu Agency (AA).
Џо Харт минатата сезона ја помина на позајмица во Торино, а по враќањето, „менаџерот на граѓаните“, Џозеф Пеп Гвардиола, му рече дека може да побара нов клуб. На Харт договорот со Сити му истекува дури во 2019 година, па во редовите на Вест Хем ќе дојде на едногодишна позајмица, со можност лондонскиот клуб да го откупи неговиот договор. Според договорот на двата клуба, Манчестер Сити и понатаму ќе уплаќа дел од платата на Харт. Се очекува англискиот репрезентативец во текот на неделата да му се придружи на менаџерот Славен Билиќ и на новите соиграчи на подготовките во Австрија.
Харт во Сити стаса во 2006 година, од Шевсбури Таун. Оттогаш голот на Сити го бранеше во 348 натпревари и освои две шампионски титуми. Голот на репрезентацијата на Англија го бранеше во 71 натпревар.