Ogün Duru
12 Август 2016•Ажурирај: 12 Август 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес во Анкара се сретна со својот ирански колега Џавид Зариф, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот соопшти дека на 23 и 24 август во Турција ќе престојува делегација на американското Министерство за правда, чии членови со турските колеги ќе разговараат за испорачувањето на водачот на терористичката ФЕТО, Фетула Ѓулен во Турција.
Чавушоглу додаде изјави дека бројот на службеници во странство кои не се одзваа на повикот на министерството да се вратат во земјата, во врска со истрагата за обидот за државен удар на ФЕТО, достигна 32 лица.