Özkan Beyer
21 Јануари 2018•Ажурирај: 22 Јануари 2018
КИЛИС (АА) - Операцијата „Маслинова гранка“ насочена против терористите во сирискиот Aфрин, која беше покрената во саботата, продолжува и денес, а Вооружените сили на Турција продолжуваат со испраќање воени возила на граничните единици, јавува Anadolu Agency (AA).
Операцијата започна со цел да се воспостави гранична безбедност и стабилност во Aфрин, кој се наоѓа во северозападниот дел на Сирија, и за да се неутрализираат припадниците на терористичката организација ПЈД/ПКК и ДЕАШ кои се закана за безбедноста на локалното население.
Воените возила на Турција, кои се состојат главно од тенкови, се поставени воглавно во пограничното подрачје. При преминувањето на турските војници, населението покажа поддршка.
Од Генералштабот на Турција, на 20 јануари истакнаа дека операцијата „Маслинова гранка“ во Aфрин е покрената во рамките на турските права засновани на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, особено оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот, 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).