Sevil Çelik
04 Март 2017•Ажурирај: 05 Март 2017
ТЕКИРДАГ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган денес во западниот турски град Текирдаг денес изјави дека во последната година ипол се неутрализирани повеќе од 3.000 терористи на ДЕАШ и 10.000 терористи на ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган се обрати на насобраните граѓани во западниот турски град Текирдаг, а во таа прилика се осврна и на борбата против тероризмот.
„Претходно не можевме да направиме чекори во борбата против тероризмот без одобрени од одредени центри. Таква беше земјата. Но сега на сцена ја имаме Турција која води акции од Џуди до Џарабулус, од Габар до Ал-Баб. Сега имаме Турција која дава доверба на пријателите и која претставува страв за терористичките организации” , изјави Ердоган и додаде:
„Во последната година ипол неутрализирани се повеќе од 3.000 терористи на ДЕАШ и околу 10.000 терористи на ПКК. Продолжуваме да ги откриваме сите припадници на терористичката организација ФЕТО и да ги изведеме пред лицето на правдата ”.
Ердоган нагласи дека Турција не ја оставила на земјата крвта на своите маченици, ниту ќе го стори тоа во иднина. Според неговите зборови, борбата против тероризмот ќе биде продолжена се додека тероризмот не се искорени потполно.
Тој се осврна на престојниот референдум за уставните променим велејќи дека 16 април, денот на одржување на референдумот е многу важен.
„Народот на 16 април на гласачките места ќе го отвори и олесни патот кон поголема и посилна Турција” , порача турскиот претседател Ердоган.