İsmail Çimen
08 Јануари 2019•Ажурирај: 09 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во обраќањето на членовите на парламентарната група на Партијата за правда и развој (АК Партија) во Анкара изјави дека Турција е единствена земја која води вистинска борба против терористите во Сирија и дека е единствена која остварила резултат, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган на состанокот се осврна на последните случувања во регионот, особено во Сирија, како и на борбата против тероризмот и актуелните прашања во државата.
„Турција е единствена земја која води вистинска борба против терористите во Сирија и е единствена земја која остварила резултат“, изјави Ердоган.
Тој додаде дека откако турските војници ги поразиле терористите на ДЕАШ, во Сирија е интензивиран процесот на ослободување од терористите.
„Сепак, пораката која Болтон ја прати од Израел за нас е неприфатлива“, изјави Ердоган.
Тој најави и нови акции, со цел неутрализирање на терористичките организации на територијата на таа земја.
„Лагата дека Турција во Сирија е насочена кон Курдите е најподла, најнечесна, најгрда, најбанална клевета“, изјави турскиот претседател.
Тој предупреди дека меѓу „жолтите елеци“, кои протестираат во Париз, има членови на терористичката организација ПКК.
„Тоа ли го истражија? Нам тоа ни е познато. Утре истото ќе се случува и во другите земји“, изјави Ердоган, и повтори дека за Турција нема разлика меѓу терористичките групи ПКК, ЈПГ, ПЈД и ДЕАШ.