Esra Tekin
25 Септември 2026•Ажурирано: 25 Септември 2026
Началникот на турскиот Генералштаб треба денес да опатува во Саудиска Арабија за да присуствува на состанокот на началниците на штабовите на Одбранбената алијанса од Мека, јавува Анадолу.
„Началникот на Генералштабот, генерал Селчук Бајрактароглу, денес ќе отпатува во Саудиска Арабија за да присуствува на состанокот на началниците на штабовите на Одбранбената алијанса од Мека“, соопшти Министерството за национална одбрана на земјата.
Официјалните лица не дадоа дополнителни детали за планираниот состанок.
Турција, Саудиска Арабија и Пакистан го потпишаа договорот за одбрана во август на трилатералниот самит во Мека, ветувајќи дека ќе ја зајакнат колективната безбедност, ќе ја продлабочат одбранбената соработка и ќе ги промовираат мирот и стабилноста во регионот и пошироко.