Ramazan Ercan
04 Јануари 2017•Ажурирај: 05 Јануари 2017
ИЗМИР (АА) – Во 2016 година беше намален интензитетот на мигранти на „патот на надежта“, кои поради внатрешни немири, економска и политичка нестабилност ги напуштаат своите држави мигрирајќи во Турција , во надеж дека оттука ќе заминат за Европа каде што ќе имаат подобра иднина, јавува Anadolu Agency (AA).
Иако, споредено со минатото, намален е интензитетот на мигранти што поради различни проблеми во матичните држави се обидуваат преку Турција, по „патот кон надежта“ да стигнат до Европа, сепак тој продолжува. Припадниците на крајбрежната стража во 2016 година, во Егејското и Средоземното Море фатија 37.130 мигранти. Во однос на претходната година, бројот мигрантите е намален за 60 отсто.
За 31 отсто е намален бројот и на загинатите мигранти во однос на претходната година на „патот на надежта“, поради превртување на бродчињата со кои се превезуваат, потонување или пак од хипотермија.
- Најниско ниво во последните 2 години
Илегалните обиди на мигрантите, кои се обидуваат да преминат во Европа преку Егејското и Средоземното Море, го достигнаа врвот во 2015 година. Илегалните премини во последните 2 години се намалени на најниско ниво, откако крајбрежната стража и безбедносните сили ја зголемија контролата.
Бројот на мигранти што се фатени од крајбрежната стража во Егејското и Средоземното Море во 2015 година изнесува 91.611.
Оваа бројка во 2016 година е намалена за 60 отсто, наспроти 2015, и изнесува 37.130. Минатата година, илегалните миграции, особено меѓу Турција и ЕУ, значително се намалени по потпишувањето на договорот во Брисел на 18 март 2016 година, со цел да се спречи илегалната миграција, борба против трговија со луѓе и избегнување на смртните случаи.
По овој период, бројот на мигранти на „патот кон надежта“ се намали за 90 отсто наспроти истиот период во претходната година. Персоналот на крајбрежната стража фати најмногу мигранти во февруари 2016, 8.847 мигранти. Јуни, пак, беше забележан во историјата како месец во кој се фатени најмалку мигранти во последните 2 години, односно 538 мигранти. Во последниот месец од минатата година беше спречено минувањето на 781 мигрант.
- Намален е бројот на смртни случаи во морето
Како резултат на строгата контрола, намален е бројот на смртни случаи во Егејското Море, кое е сведок на човечката трагедија што се случува во последните 2 години. Во 2015 година, 279 мигранти го загубија животот во Егејското Море, се удавија во водите или поради хипотермија, а пак во 2016 загинаа 192 мигранти.
Во периодот jануари – март 2016 година, бројот на смртни случаи во Егејското Mоре изнесува 173 мигранти, додека пак по склучувањето на Договорот за реадмисија на мигрантите, оваа бројка изнесува 19 жртви.