Sarp Özer
01 Октомври 2019•Ажурирај: 02 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, истакна дека треба да се забрзаат активностите во врска со осигурување на безбедноснта зона во Сирија, како и дека треба да се оди кон решение без да се губи време, јавува Anadolu Agency (AA).
„(Осигурување на безбедносна зона) Потребно е да се забрзаат активностите, треба да се оди кон решение, не треба да губиме време“, истакна Акар.
Турскиот министер се осврна и за настаните во источниот дел на Еуфрат.
„Внимателно ги следиме настаните. Нашите Вооружени сили се подготвени од секој аспект“, додаде Акар.
Во врска со соборувањето на беспилотно летало во близина на сириската граница откако повеќепати го нарушило турскиот воздушен простор, Акар рече:
„Обичен случај. Нашите Воздухопловни сили исклучително силно и сеопфатно го штитат нашиот воздушен простор.“