Sertaç Bulur
06 Февруари 2023•Ажурирај: 06 Февруари 2023
АНКАРА (АА) - Најмалку 76 лица загинаа, а 440 се повредени како последица на разорниот земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што рано утринава ги погоди јужните региони на Република Туркије, јавува Анадолу.
Епицентарот на земјотресот е регистриран во округот на Пазарџик Кахраманмараш, по што уследија 42 последователни потреси на тлото, од кои најсилниот беше со јачина од 6,6 степени според Рихтер.
Земјотресот е почувствуван во многу градови на југот на Туркије, особено во областите Кахраманмараш, Хатај, Османије, Адијаман, Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Малатија и Адана.
Сите надлежни служби на Република Туркије се ангажирани во операциите за пребарување и спасување, а во подрачјата погодени од земјотресот пристигнуваат релевантните екипи од сите делови на Туркије.
Преку Министерството за надворешни работи, Туркије побара меѓународна помош во подрачјето на потрага и спасување.
Според јавувањата на медиумите, најмалку 42 лица загинале во Сирија, во пограничните подрачја со Туркије.