Abidin Mutlu Bozdağ
19 Ноември 2021•Ажурирај: 20 Ноември 2021
ИСТАНБУЛ
„Туркиш ерлајнс“ (THY) објави дека ќе превезува патници на вкупно 253 дестинации во рамките на декемврискиот план за летање, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението објавено на интернет-страницата на „Туркиш ерлајнс“ наведено е дека планот за летање на оваа авиокомпанија е ажуриран. Планирано е во декември патниците да ги превезува на вкупно 253 дестинации низ светот.
„Бидејќи знаеме колку е тешко да се планира во текот на овој период, со задоволство можеме да ви понудиме флексибилни можности за патувања. Можно е да се направат неограничени промени со вашите билети до 31 декември 2021 година“, соопштено е од „Туркиш ерлајнс“.
„Туркиш ерлајнс“, според бројот на дневните летови е меѓу водечките авиокомпании во Европа.