Faruk Zorlu
05 Декември 2022•Ажурирај: 06 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Турските сили неутрализираа 103 терористи во ноември, соопшти денес заменик-министерот за внатрешни работи на Туркије Исмаил Чатакли, јавува Агенција Анадолија (АА).
Безбедносните сили на земјата спречија 17 терористички напади минатиот месец, изјави Чатакли за новинарите во главниот град Анкара.
Тој додаде дека 78 од терористите припаѓаат на ПКК, 24 на ДЕАШ и еден на левичарска терористичка организација.
Турските безбедносни сили спроведоа 11.868 домашни операции во руралните области против терористичката организација ПКК, вклучително и 11 големи и 50 операции од среден обем.
Извршени се вкупно 1.205 операции против ќелиите и соработниците на сите терористички организации.
Безбедносните сили уништија 136 засолништа и скривалишта на ПКК, додека властите во рамките на операциите запленија 148 парчиња оружје и 122 рачни гранати, како и мини и рачно изработени експлозивни направи.
Чатакли, исто така, рече дека извршителите на терористичкиот напад врз цивилите во Истанбул се фатени за кратко време и дека сѐ уште се водат акции за фаќање на сите сторители поврзани со нападот.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК на 13 ноември изврши терористички напад на фреквентната улица Истиклал во Истанбул, во кој загинаа шест лица, а 81 беа повредени.
Освен тоа, операцијата „Ерен Аблука есен-зима“, започна во октомври и е во тек во 15 области.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Туркије, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на над 40.000 лица, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на таа терористичка организација.