Sertaç Bulur
13 Декември 2016•Ажурирај: 14 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Екипите на турската гранична полиција од почетокот, па сѐ до 11 декември откриле повеќе од 11.000 мигранти кои илегално се обиделе да ја преминат турската граница, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштение на Турските вооружени сили (ТСК) се вели дека во Турција се обиделе илегално да влезат 10.314, а да излезат 1.031 мигрант.
Од Сирија илегално се обиделе да влезат 10.150, од Ирак 106 и од Иран 58 мигранти. Покрај тоа, запленети се четири парчиња огнено оружје, муниција, дрога, цигари, храна и гориво.
Од Турција во Сирија се обиделе да заминат 94, во Ирак четворица, во Иран 18, во Бугарија 20 и во Грција 895 мигранти.