Tevfik Durul
06 Мај 2021•Ажурирај: 08 Мај 2021
КОМОТИНИ (АА) - Никој не треба да очекува Турција да замолчи на прекршувањата на правата на турското малцинство во Грција, изјави турскиот заменик-министер за надворешни работи, Јавуз Селим Киран, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Турските муслимани во грчкиот град Солун се незадоволни поради само неколкуте џамии отворени за молитва, и покрај присуството на многу џамии од османлиската ера“, рече Јавуз Селим Киран на прес-конференција во Генералниот конзулат на Турција во Комотини доцна синоќа.
Киран е во посета на делови на Грција каде што живее значителен број турско малцинство како што се Западна Тракија и Солун.
„Турската Влада, за време на своите контакти со грчки официјални лица го отвори прашањето за недостигот на отворени џамии“, додаде тој.
Турција презеде иницијатива за решавање на ова прашање, а меѓународните организации - особено ЕУ - треба да ја повикаат Грција да преземе чекори кон оваа насока“, рече Киран.
Турската Влада ќе се осврне на различни прашања со кои се соочува турското малцинство, вклучително и образованието, етничката припадност, слободата на религија и управувањето со [историските] објектите, рече Киран, додавајќи дека статусот на турското малцинство е загарантиран со меѓународните договори и Договорот од Лозана во 1923 година.
Истакнувајќи дека грчкото и турското малцинство во обете земји се како мостови што ги зајакнуваат билатералните врски, Киран рече дека Анкара се надева дека Атина ќе преземе клучни чекори за подобрување на животниот стандард на турското малцинство.
„Турција би поддржала каков било позитивен чекор од страна на Грција кон понатамошните малцински права, но ниту еден меѓународен актер не може да очекува дека ќе молчи пред кршењето на правата“, додаде тој.
Регионот на Западна Тракија е дом на муслиманска турска заедница со околу 150.000 жители, а Турција протестираше против различните грчки политики што ги кршат нивните права, и непослушноста на Атина кон пресудите на Европскиот суд за човекови права со кои се наложува да го смени текот.