Tuğrul Çam
22 Ноември 2018•Ажурирај: 23 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, го коментираше процесот на интеграција на Турција во ЕУ и порача дека се бескорисни изјавите кои го дисквалификуваат и негираат нејзиниот статус за кандидат за членство, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу денес во Анкара се состана со комесарката на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини и со комесарот за проширување, Јоханес Хан.
Состанокот е одржан во рамките на Високиот политички дијалог на Турција и ЕУ, а по состанокот Чавушоглу изјави дека делегациите разговорите за ситуацијата во регионот ќе ги продолжат и за време на работниот ручек.
„Овој состанок има две цели. Првата е да ги разгледаме сите аспекти на соработка меѓу Турција и ЕУ, а другата е размена на ставовите за ситуацијата во регионот, безбедносните и надворешнополитичките теми“, изјави Чавушоглу.
Тој нагласи дека Турција е кандидат за членство во ЕУ и дека нејзина цел е полноправно членство.
„Не би требало пред нас да ставаат политички препреки. Нема корист од изјави кои го дисквалификуваат и негираат нашиот статус на кандидат“, порача Чавушоглу.
Шефот на турската дипломатија, исто така изјави дека сите политички препреки кои се ставаат пред Турција претставуваат и кочница за раст, просперитет и стабилност на ЕУ.
Потсетувајќи дека и Турција и ЕУ во изминатите години биле жртви на терористички напади, Чавушоглу изјави дека добрата соработка на Анкара и Брисел е од обостран интерес, вклучувајќи ја и соработката во борбата против странските работници и сите елементи кои го поддржуваат тероризамот во регионот.
„Турција во борбата против тероризмот очекува поконкретна поддршка од членките на ЕУ“, порача Чавушоглу.
На прашањето на новинарот, Чавушоглу го коментираше и убиството на новинарот Џамал Кашоги во саудискиот Конзулат во Истанбул и порача дека сите детали на тоа гнасно злосторство мора да се расветлат.
„Постојат прашања на кои се чекаат одговори. Турција внимателно го следи случајот во кој е потребно да се откријат и извршителите и налогодавците на бруталното убиство кое е извршено со предумисла“, изјави Чавушоглу.