Ebru Şengül
28 Септември 2017•Ажурирај: 29 Септември 2017
АНКАРА (АА) - По одлуката на ирачкиот Парламент да ги преземе сите гранични премини и аеродроми во северен Ирак, Турција директно ќе комуницира со централната ирачка влада во Багдад во врска со сите прашања, вклучително и извозот на нафта, истакна денес турскиот премиер Бинали Јилдирим, јавува Anadolu Agency (AA).
Одговарајќи на новинарски прашања во централната анадолиска облат Чорум, Јилдирим рече дека веќе се преземени конкретни чекори и истите ќе продолжат по нелегитимниот референдум во северен Ирак одржан на 25 септември.
Еден од овие чекори веќе е преземен од страна на турското Министерство за надворешни работи, кое пренесе дека Турција не сака претставникот од северен Ирак да се врати од Ербил, седиштето на Регионалната курдска управа, истакна турскиот премиер.
Договорено е дека Турција ќе зборува директно со ирачката централна влада за прашањата од областа на економијата, трговијата и дипломатските односи па сѐ до извозот на нафта, рече Јилдирим.
Нарекувајќи го нелегитимниот референдум за независнот одржан во Регионалната курдска управа во северен Ирак еднострана одлука, ирачките централни власти во неделата ги повикаа регионалните власти во Ербил да ја предадат контролата на граничните премини и аердромите на Багдад, и презеде потег за воспоставување контрола врз нафтата.
- Извозот на нафта -
Од 2014 година, главната оперативна рута за курдската нафта е преку Турција, преку нафтоводот Ирак-Турција, кој се протега во должина од речиси илјада километри од северниот ирачки град Киркук до југоисточното турско пристаниште Џехан во Средоземното Море.
Сепак, нелегитимниот референдум што се одржа во понеделникот во подрачјата на Регионалната курдска управа во северен Ирак, вклучувајќи ги и спорните подрачја за Багдад, го загрози односот меѓу двете страни, вклучувајќи го и извозот на нафтата преку Турција, столбот на економијата на Регионалната курдска управа.
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во вторникот предупреди дека нелегитимниот референдум во Регионалната курдска управа во северен Ирак би можел да резултира со големи санкции кои ќе ја остават северната ирачка енклава беспомошна.
„Да видиме како и каде локалната власт од северен Ирак ќе ја продава нафтата“, рече тој, додавајќи дека Турција е единствениот начин на кој северната ирачка нафта може да стигне до светските пазари .
„Вентилот (за нафтата) е кај нас. ќе го исклучиме вентилот, и готово е“, порача Ердоган.
Нето приходот на Регионалната курдска управа од извозот на нафта преку пристаништето Џејхан во октомври 2016 година изнесуваше скоро 416 милиони долари, според извештајот на Министерството за природни ресурси на Регионалната курдска управа за месечниот извоз и производство за 2016 година, последниот објавен извештај за нафтата.
Извештајот покажа дека Регионалната курдска управа остварила извоз од вкупно 19 милиони барели сурова нафта, во просек скоро 614 илјади барели нафта дневно, во месец октомври минатата година, преку пристаништето Џејхан во Турција.