Handan Kazancı
24 Јануари 2017•Ажурирај: 24 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Во рамките на акцијата „Штитот на Еуфрат“ во северна Сирија во последните 24 часа се неутрализирани 13 терористи на ДЕАШ, соопшти денес турската војска, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на турскиот Генералштабот се наведува дека во 154. ден од акцијата погодени се 107 позиции на ДЕАШ во северниот дел на Сирија.
Во него се додава дека турските авиони погодиле девет упоришта на ДЕАШ во подрачјето на Ал Баб. Коалициските сили, исто така, спровеле пет воздушни напади врз упориштата на ДЕАШ, уништувајќи вооружени возила за поддршка, два минофрлачи и зграда.
Офанзивата „Штитот на Еуфрат“ беше покрената кон крајот на август минатата година со цел зајакнување на безбедноста на границите, елиминирање на терористичките закани долж турската граница со Сирија и за поддршка на сириските опозициски сили. Умерената сириска опозиција е поддржана од турските авиони и артилерија, како дел од операцијата.