Esin Işık
17 Февруари 2017•Ажурирај: 17 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили на 178. ден од офанзивата „Штитот на Еуфрат“, во северниот дел на Сирија извршија воздушни и копнени акции, при што се погодени 77 упоришта на терористичката организација ДЕАШ, а неутрализирани се 13 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека и понатаму трае офанзивата „Штитот на Еуфрат“, започната на 24. август 2016 година против терористичката организација ДЕАШ во северниот дел на Сирија.
Поголем дел од сирискиот град Ал Баб е ослободен од терористичката организација ДЕАШ. Силите на теренот продолжуваат да го расчистуваат градот од членовите на оваа терористичка организација.
Во воздушниот напад на вооружените сили на турската војска беа уништени засолниште, кран, складиште со оружје и автомобил-бомба на терористичката ДЕАШ.