Yunus Okur
30 Октомври 2016•Ажурирај: 31 Октомври 2016
КАРС (АА) - Министерот за транспорт, поморство и комуникации Ахмет Арслан истакна: „ПТТ е една од основните институции во нашата земја. Во минатото во Ослободителната војна на сите места испраќала вести и претставува институција која придонела во победата во Ослободителната војна. Оваа институција беше запуштена, но владата на Партијата АК, со поддршка на премиерот и претседателот, целосно се препороди и го зазеде местото на најважните институции во земјата“, јавува Anadolu Agency (AA).
Годинешнoто 45. Натпреварување на поштарите од балканските земји се одржа пред зградата на гувернерството во Карс, Турција, во присуство на турскиот министер за транспорт, поморство и комуникации Ахмет Арслан и други гости.
Во натпреварот учествуваа вкупно 67 спортисти и спортиски, од ко 8 од Турција, 11 од Македонја, 11 од Косово, 9 од Бугарија,12 од Босна и Херцеговина и 8 од Албанија.
Во обраќањето на церемонијата на доделување на наградите министерот Арслан рече дека е задоволен поради тоа што натпреварот во Карс поминал на џентламенски начин и во духот на единството, заедништвото и братството.
Арслан потсети дека се празнува 176-годишнината на ПТТ и додаде:
„ПТТ е една од основните институции на нашата земја. Во минатото во текот на Ослободителната војна на сите места испраќала вести и претставува институција што придонела во победата во Ослободителната војна. Оваа институција беше запуштена, но владата на чело со Партијата АК, со поддршка на премиерот и претседателот целосно се препороди и влезе во редот на најважни институции во земјата. Служеше како банка во 1.480 окрузи, гратчиња, области и села каде што немаше банки. Им овозможи услуги (од тој вид) на граѓаните во овие области“.
На ниво на екипи Романија беше прва, Турција втора, а Македонија трета. А во машка категорија, индивидувалните резултати се:
1. Ханифи Чобаноглу (Турција)
2. Костеску Васил Клаудиу (Романија)
3. Бледар Меси (Албанија):
Во женска конкуренција на ниво на екипи Турција беше прва, Бугарија втора, а Романија трета. Индивидуалните резултати се:
1. Арсине Андреа (Романија)
2. Јелиз Ај Јилдиз (Турција)
3. Радосвета Стојанова Сименова (Бугарија)