Ferdi Türkten,Aynur Ekiz
17 Февруари 2017•Ажурирај: 18 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - На средбата меѓу началникот на Генералштабот на турската армија, генерал Хулуси Акар и началникот на Генералштабот на армијата на САД, генерал Џозеф Данфорд, беше постигната согласност околу безбедноста во регионот, првенствено во однос на заканите од ПКК и ДЕАШ, како и околу борбата во Ирак против терористичките организации, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Генералштабот на турската армија се вели дека генералите Акар и Данфорд оствариле делегациска средба во базата „Инџирлик“.
На средбата, генералот Акар на својот американски колега му зборувал за успехот што турските вооружени сили (ТСК) го имаат постигнато благодарение на интензивната и одлучна борба во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“.
- Ќе продолжи ефикасната борба против терористичките организации
Генералот Акар додаде дека во голема мера е воспоставена контрола во подрачјето на Ал Баб, и дека се започнати акции на преглед на теренот, со цел заштита на територијалниот интегритет на Сирија и на Ирак. Во рамките на борбата против тероризмот, потребно е да се продолжи со ефикасната борба против сите терористички организации, првенствено против ДЕАШ. Генерал Акар истакна дека во тие рамки, од големо значење е зголемувањето на поддршката што ја даваат коалициските сили.
На средбата со цел постигнување безбедност во регионот, постигнат е консензус во борбата против терористичките организации во Сирија и во Ирак, првенствено против ПКК и ДЕАШ.