Faruk Zorlu
09 Мај 2020•Ажурирај: 10 Мај 2020
АНКАРА
Турција, од почетокот на 2020 година, неутрализира над 1.300 терористи во пет различни области на спроведени операции, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во операциите спроведени вчера во различни региони неутрализирани се вкупно 17 терористи. Бројот на вкупно неутрализирани терористи во областите кај што се спроведуваа операции од 1 јануари достигна 1.359“, соопшти министерот Хулуси Акар на состанокот со високите команданти на турската Армија.
Тој рече дека додека тековните антитерористички операции продолжуваат, Турските вооружени сили (ТСК) се борат со истото темпо и против новиот вид коронавирус.
„За нас е многу важно да ги продолжиме овие операции. Во истовреме, областите каде што се присутни нашите војници, на никаков начин не треба да бидат зафатени од овој вирус. За тоа се преземаат особени напори“, додаде тој.
Иако во изјавите не се споменува одредена терористичка организација, Турција веќе подолго време спроведува операции против ЈПГ/ПКК во регионот.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, одговорна е за смртта на 40.000 луѓе, меѓу кои има и деца и жени. ЈПГ е огранок на терористичката организација ПКК во Сирија.