Tanju Özkaya,Serdar Açıl
26 Јули 2018•Ажурирај: 27 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Полицијата во Анкара во истрагата за атентатот врз рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, го уапси поранешниот полициски службеник Уфук Г., јавува Anadolu Agency (AA).
Тој по давањето на исказот во полициската станица е предаден на надлежните судски органи.
Тој ги отфрли обвиненијата што му се ставаат на товар, а дежурниот суд му одреди притвор под обвинение за членство во терористичката организација.
Уапсениот поранешен полицаец изјави дека повеќе не е член на терористичката организација ФЕТО и дека со споменатата организација го прекинал контактот по процесот „17- 25 декември“.
Тој изјави дека тој и Мевљут Мерт Алтинташ, кој го усмрти рускиот амбасадор, завршиле иста полициска академија и имале ист „аби“ (аби - цивилен старешина во ФЕТО, заб. а.).
За време на изложба во Анкара на 19 декември во 2016 година беше извршен атентат врз Андреј Карлов, амбасадор на Русија во Турција. Напаѓачот Мевљут Мерт Алтинташ беше неутрализиран од полицајците.
Досега во рамките на истрагата се уапсени девет лица, меѓу кои и организаторот на изложбата, Мустафа Тимур Озкан, и неколку полицајци.