Halil Demir
20 Август 2016•Ажурирај: 21 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Во операцијата против терористичката организација ПКК во Истанбул се приведени 13 осомничени лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипите на Дирекцијата на Антитерористичката единица, во истовремената операција на 18 адреси во населбите Бејоглу и Ќагитхане во Истанбул, приведоа 13 осомничени за кои се тврди дека се членови на терористичката организација ПКК.
Во претресите извршени во овие адреси запленети се голем број на организациски документи и дигитални материјали.
Процедурата во врска со осомнчените продолжува во полиција.