Levent Harman
22 Септември 2017•Ажурирај: 22 Септември 2017
КОЏАЕЛИ (АА) - Најмалку четири лица загинаа во бродолом кој утринава се случи во Црното море кај турскиот град Коџаели, јавува Anadolu Agency (AA).
Турската крајбрежна стража пристигна на местото на потонатиот рибарски чамец во кој се наоѓаа и мигрантите.
До сега се спасени 38 мигранти, а спасувачките екипи и понатаму трагаат по исчезнатите. Според изјавите на преживеаните, исчезнаа меѓу 15 и 20 лица.
Крајбрежната стража на терен излезе откако еден трговски брод дојави дека рибарскиот чамец тоне.
Чамецот потона рано утринава, а во акција на спасување учествуваа авион, хеликоптер и спасувачки бродови на крајбрежната стража како и неколку трговски бродови кои пловеле на таа рута.