Barış Kılıç
01 Ноември 2020•Ажурирај: 01 Ноември 2020
АНКАРА
Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 6,6 степени, што се случи на 30 октомври на отворени води во Егејското Море, кај местото Сеферхисар во Измир, се зголеми на 62 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Управата за вонредни состојби (АФАД) при Министерството за внатрешни работи на Турција.
Во соопштението се вели дека во земјотресот повредени се 940 лица, од кои 722 биле излекувани и отпуштени од болница.
Според соопштеното, лекувањето на 218 повредени е сè уште во тек.
Се истакнува дека во уште 8 згради продолжуваат операциите за пребарување и спасување.
Во ова соопштение се наведува дека по главниот земјотрес се случиле и 947 последователни потреси, од кои над 43 биле со јачина поголема од 4 степени.