Ali Balıkçı
28 Април 2019•Ажурирај: 30 Април 2019
АГРИ
Во подрачјето на Догубајазит во турската област Агри во Анадолија се наоѓа една од величествените градби на османлиската архитектура, палатата „Исхак-паша“, која со својата поставеност како орлово гнездо, специфичната архитектура и историјат привлекува голем интерес, пишува Anadolu Agency (AA).
Палатата „Исхак-паша“ плени со својот изглед, благодарение на специфичната поставеност, историјат и архитектура. Оваа уникатна градба на крајниот исток од Турција, на тромеѓето со Ерменија и Иран, наликува на орлово гнездо, издигајќи се над котлината на местото Догубајазит.
Палатата секое годишно време добива поинаква убавина со која ги воодушевува странските и домашните туристи кои во голем број ја посетуваат оваа несекојдневна градба.