Serkan Kaya
12 Јули 2023•Ажурирај: 13 Јули 2023
ВИЛНУС (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, во рамките на Самитот на претседатели на држави и влади на земјите членки на НАТО во Вилнус, се сретна со премиерот на Албанија, Еди Рама, јавува Анадолу.
Ердоган и на вториот ден од Самитот ги продолжува своите билатерални средби во центарот „LITEXPO“.
Турскиот претседател во овие рамки се состана со претседателот на Владата на Албанија, Рама.
На средбата се разговараше за билатералните односи и за регионални теми.