Cemil Murat Budak, Sertaç Bulur
18 Август 2021•Ажурирај: 19 Август 2021
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили приведоа шест лица во Анкара за поврзаност со терористичката организација ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Канцеларијата на јавниот обвинител во Анкара е соопштено дека се издадени налози за приведување на седум лица, што се товарат за вмешаност во активности во име на вооружената терористичка организација и ширење терористичка пропаганда на социјалните медиуми.
Антитерористичките тимови на полицијата досега приведоа шестмина осомничени, а во тек се напорите за фаќање на останатиот осомничен.
ПКК е сепаратистичка организација што се наоѓа на списокот терористички организации во Турција, Европската Унија и во САД. За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.