Barış Gündoğan
20 Октомври 2017•Ажурирај: 21 Октомври 2017
АНКАРА (AA) - Турските воружени сили (TSK) во текот на антитерористичките акции на северот на Ирак и југоистокот на Турција неутрализираа 45 припадници на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Генералштабот на Турција наведуваат дека акциите се спроведени од 12. до 18. октомври. Планините Кандил, Гара, Метина и Зап се наоѓаат на северот на Ирак, долж ирачко-турската граница. Се работи за подрачје кое важи за колевка на терористичката организација ПКК која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската унија (ЕУ).