Emre Umurbilir
24 Декември 2015•Ажурирај: 25 Декември 2015
ИЗМИР (АА) - Во бродоломот кој се случи утрово во близина на местото Дикили во турската провинција Измир се удавија 18 мигранти кои илегално се обиделе да одат во Грција, јавува Anadolu Agency (АА).
Како што соопштија од локалната крајбрежна стража, утринава се спасени 21 мигрант а девет се удавиле, меѓу кои шест се деца.
Сепак, во продолжување на операцијата за спасување беа пронајдени безживотни тела на девет мигранти. Нуркачите, два хеликоптера и два брода на крајбрежната стража продолжуваат да ги бараат двајцата исчезнати мигранти.