Oktaj Omeragikj
22 Февруари 2025•Ажурирај: 26 Февруари 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Снегот продолжи да врне во турската метропола Истанбул, известува Анадолу.
Снегот што почна да паѓа во средата наутро во Истанбул, продолжи и денеска со повремени прекини, создавајќи прекрасна глетка на теснецот Босфор.
Фоторепортерите на Агенција Анадолу ги снимија луѓето кои со чадори уживаа во глетката на Момината кула во Босфор и галебите во лет додека снегот во бело ја обои областа Ускудар во Истанбул.