Ferdi Türkten
06 Септември 2020•Ажурирај: 07 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Најмалку шест терористи се неутрализирани во источната турска област Битлис, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, соопшти дека жандармеријата со беспилотни вооружени летала (SİHA) неутрализирала 6 терористи во подрачјето на Битлис Сехи.
Сојлу во изјавата споделена на неговиот профил на социјалните мрежи напиша: „Неутрализирани се голем број, останаа помалку... Жандармеријата со беспилотните вооружени летала (SİHA) неутрализираше 6 терористи во областа Битлис Сехи... Разузнавање... Операција... Целосен успех.“
Турските надлежни власти честопати го користат терминот „неутрализирани“ за да укажат дека терористите за кои станува збор се предале, биле убиени или заробени.
Не е посочено на која терористичка организација ѝ припаѓаат терористите, но во тоа подрачје од земјата активна е терористичката оганизација ПКК.
ПКК е сепаратистичка терористичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.