Ahmet Gençtürk
19 Март 2021•Ажурирај: 20 Март 2021
ДУЗЏЕ (АА) - Најмалку 38 нерегуларни мигранти се фатени во турската северозападна област Дузџе, соопштија безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тимовите на жандармеријата и крајбрежната стража, кои започнаа акција по добиена дојава, во подрачјето Акчакоџа фатија група мигранти, меѓу кои и жени и деца, подготвувајќи се да испловат кон Романија со брод.
Приведени се и двајца криумчари на луѓе.
Турција е клучна транзитна рута за мигрантите кои сакаат да стигнат во Европа за да започнат нов живот, особено оние што бегаат од војна и прогон.
Турција згрижи речиси четири милиони бегалци, меѓу кои над 3,6 милиони Сиријци.