Ömer Ertuğrul
21 Февруари 2017•Ажурирај: 21 Февруари 2017
ЈОЗГАТ (АА) - Полицијата во турскиот град Јозгат уапси Авганистанец во чиј стомак беше пронајден хероин спакуван во презервативи, со вкупна тежина над еден килограм, јавува Anadolu Agency (AA).
Човекот со иницијали A.С. по потекло од Авганистан, беше уапсен во неделата во Јозгат, за време на рутинска полициска контрола на патниците во автобусот.
Видно исцрпен, мажот се жалел на гадење, а полицијата за време на контролата на неговите документи се посомневала во неговото неприродно однесување, па го пренела во болница.
Со лекарскиот преглед, во желудникот и цревата му се откриени и отстранети вкупно 61 презерватив, во кој пренесувал вкупно 1,037 килограми хероин.
По два дена во болница, A.С. е уапсен и им е предаден на турските власти за понатамошно процесуирање за трговија со дрога.