Ekipa
08 Јануари 2018•Ажурирај: 08 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Во антитерористички операции извршени во изминатите седум дена во Турција неутрализирани се 17 терористи, од кои 11 се приведени, а шест се предале, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека од 1 до 8 јануари биле извршени вкупно 729 акции. Во нив се приведени 112 лица за кои постои сомнение дека се поврзани со терористичката организација ПКК, 46 поради поврзаност со ДЕАШ, 467 во рамките на борбата против терористичката организација ФЕТО, односно 18 за време на борбата против левичарските терористички организации.
Во акциите на припадниците на турските безбедносни сили извршени во Ерзинџан, Батман, Дијарбакир, Мардин, Тунџели, Мус, Игдир, Битлис и Бинѓол уништени се 32 засолништа и пештери, како и девет домашно изработени експлозиви и бомби.
Припадниците на безбедносните сили запленија и 864 килограми материјал кој се користи за изработка на експлозиви, осум рачни бомби, 16 парчиња оружје и 3.451 парчиња муниција.
Против нарко-мафијата во 77 турски градови извршени се 1.757 акции во кои се запленети повеќе од три тони марихуана, 516 килограми хероин, еден килограм кокаин и поголема количина други опојни средства. Приведени се 2.344 лица.
Во рамките на борбата против илегалните миграции фатени се 1.007 лица, од кои 422 на море, а приведени се и 101 лице поради сомнение дека организирале илегални премини на турските граници.