Gökhan Ergöçün
22 Декември 2020•Ажурирај: 23 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Околу 3,5 милиони унци злато се пронајдени во рудник на производителот на ѓубрива „Губреташ“ во Мраморниот Регион на Турција, соопшти денес челникот на компанијата.
Според сегашните цени, вредноста на резервите злато се проценуваат на околу 6 милијарди долари, изјави за Агенција Анадолија (АА) претседателот на „Губереташ“, Фахретин Појраз.
Земјиштето во турската област Билеџик ѝ беше доделено на приватната фирма „Коза Алтин“, но договорот е поништен поради неисполнување на обврските, истакна Појраз.
„Коза Алтин“ беше запленета од Фондот за осигурување депозити во рамките на борбата против терористичката ФЕТО, организацијата која стои зад неуспешниот обид за пуч во Турција во 2016 година.
Како дел од процесот на истражување резерви на злато, „Губереташ“ ја основа рударската компанија „Маден АШ“.
Појраз истакна дека новооткриените резерви на злато влегуваат во рангот меѓу првите пет рудници за злато во светот.
„Златото ќе го екстрахира „Маден АШ“ во период од две години“, додаде тој.
„Губреташ“ е подружница на Земјоделска кредитна кооператива на Турција.