Ali Murat Alhas
20 Март 2021•Ажурирај: 22 Март 2021
МАРДИН (АА) - Турските безбедносни сили приведоа 26 лица за нивна поврзаност со терористичката организација ПКК/КЏК, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на обласната полициска управа во југоисточната турска област Мардин, осомничените биле приведени во операции во координација на единиците за борба против тероризмот, разузнавањето и специјалните сили.
Операциите се спроведени во областите Мардин, Истанбул, Бурса, Шанлиурфа и Анталија.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.