Murat Asil
28 Декември 2021•Ажурирај: 28 Декември 2021
КАЈСЕРИ
Турските безбедносни сили приведоа најмалку петмина осомничени терористи на ДЕАШ во операции започнати за да се спречат терористичките активности пред новогодишните празници, соопштија турските безбедносни избори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во централната област Кајсери, антитерористичките тимови започнаа операции против лицата што илегално влегле во земјата, за кои постои сомневање дека спроведуваат терористички активности во Сирија и во Ирак.
Петорицата осомничени, сите сириски и ирачки државјани, беа приведени во истовремени операции спроведени на различни локации, соопштија безбедносните извори.
Турција беше помеѓу првите земји која го прогласи ДЕАШ за терористичка група.
Оттогаш, земјата е неколку пати напаѓана од страна на терористичката организација. ДЕАШ спроведе 10 самоубиствени бомбашки напади, седум бомбашки и четири вооружени напади во кои загинаа 315 луѓе, а повредени беа стотици.
Како одговор на тоа Турција започна антитерористички операции во земјата и во странство за да спречи понатамошни терористички напади.