Şener Toktaş
05 Февруари 2022•Ажурирај: 07 Февруари 2022
КИРКЛАРЕЛИ/БИТЛИС (АА) – Оваа недела во Турција фатени се најмалку 168 нерегуларни мигранти, соопштија денес надлежните, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно 162 мигранти, сите од Авганистан, се откриени за време на претресите на возилата на контролните пунктови во источната турска област Битлис од понеделникот до денес, според Канцеларијата на гувернерот на Битлис.
Уште шест нерегуларни мигранти од Мароко и Алжир се фатени во северозападната област Киркларели, соопштија безбедносни извори.
Турција е клучна транзитна рута за барателите на азил и нерегуларните мигранти кои сакаат да преминат во Европа за да започнат нов живот, особено оние што бегаат од војна и прогон.
Турција, која веќе има згрижено четири милиони бегалци, повеќе од која било земја во светот, презема нови безбедносни мерки по должината на своите граници за да спречи нов прилив на мигранти.