Muhammed Boztepe
14 Јуни 2020•Ажурирај: 14 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека во Хакќари и Дијарбакир неутрализирани се тројца терористи на ПКК, од кои еден е од портокаловата листа на барани терористи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се наведува дека во рамки на операциите за внатрешна безбедност, турските безбедносни сили во регионот Фарашин неутрализирале двајца терористи.
Исто така се наведува дека во руралното подрачје на Лиџе, Дијарбакир, неутрализиран е еден терорист во операцијата организирана од Командата на обласната жандармерија и Одделот на полицијата.
„Утврдено е дека еден од тројцата неутрализирани терористи е терористот Екрем Ипташ, со кодно име „Сејит Батман“, кој се наоѓа во портокаловата категорија на листата барани терористи. За неговото пронаоѓање имаше распишано награда од 1.000.000 лири (околу 130.000 евра). Со тоа, во последните два дена во внатрешните операциите спроведени во Сиирт, регионот Фарашин и Дијарбакир неутрализирани се вкупно 7 терористи“, се нагласува во соопштението на министерството за национална одбрана на Турција.