Aziz Aslan
05 Април 2021•Ажурирај: 06 Април 2021
ДИЈАРБАКИР (АА) - Најмалку 22 лица се приведени во југоисточна Турција поради поврзаност со терористичката организација ПКК/КЏК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Приведувањата се извршени откако обвинителите во југоисточната турска област Дијарбакир издадоа налози за приведување на 33 осомничени лица, како дел од истрагата за женскиот огранок на терористичката организација, соопштија безбедносни извори кои побараа да останат анонимни.
Откриено е дека осомничените организирале нелегални состаноци и собири за да привлечат симпатии кон терористичката организација и да ги привлечат жените во нејзините редови.
Во операцијата спроведена од страна на полициските тимови во Дијарбакир приведени се 22 осомничени лица, а напорите за приведување на останатите осомничени се во тек. Две од осомничените лица се осудени за други кривични дела.
За време на операциите се запленети и различни документи и дигитален материјал на организацијата.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која е на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на 40.000 луѓе, вклучувајќи жени и деца.