Gorana Jakovljevic
31 Декември 2022•Ажурирај: 01 Јануари 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Претпоследниот ден на 2022 година, жителите и туристите кои ја посетија турската метропола Истанбул, благодарение на убавото време имаа можност да уживаат во прекрасното заоѓање на сонцето, известува Агенција Анадолија (АА).
Контурите на знаменитостите на градот на два континенти, Аја Софија, Сината џамија, палатата Топкапи и кулата Галата изгледаа величествено на ваквото зајдисонце.

Истанбул, најголемиот град во Туркије, е некогашна престолнина на три големи царства, Римското, Византиското и Османлиското. По основањето на модерна Република Туркије, Анкара е прогласена за главен град.
Во овој град со популација од 14,8 милиони лица, живеат 18,5 отсто од популацијата на Туркије, а воедно е и град со најголем број џамии во земјата. Во Истанбул има 3.362 џамии.