Erdoğan Çağatay Zontur
24 Јануари 2020•Ажурирај: 24 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Врховната изборна комисија на Турција (YSK) со тајно гласање денес го избра Мухарем Аккаја за нов претседател, јавува Агенција Анадолија (АА).
Неговиот претходник, Сади Ѓувен, кој на чело на Комисијата беше седум години, се повлече.
Аккаја освои осум од вкупно 11 гласа на Одборот преку тајно гласање.
Тој функцијата претседател на Врховната изборна комисија на Турција (YSK) ќе ја извршува до јануари 2023 година.
Исто така, беше организирана и свечена заклетва за новоизбраните членови на Врховниот суд Ахмет Јенер, Махмут Акѓун и Орхан Уста, и за членовите на Државниот совет Зеки Јигит, Илхан Ханагаси и Накидин Бугдај.
Ѓувен пред новинарите изјави дека за време на неговиот мандат се одржале осум избори и дека Аккаја е високо почитувано име.
Новиот претседател на Врховната изборна комисија на Турција (YSK), Мухарем Аккаја, изјави: „Сакам да ја завршам задачата достоинствено и така да му ја предадам на другиот колега. Чест ми е што ја преземам оваа должност од Сади Ѓувен.“