Nazlı Yüzbaşıoğlu
24 Август 2020•Ажурирај: 24 Август 2020
АНКАРА (АА) - Германскиот министер за надворешни работи, Хеико Мас, утре ќе престојува во работна посета на Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството за надворешни работи на Турција се истакнува дека турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, и германскиот министер за надворешни работи, Мас, утре ќе се состанат во Анкара.
„На средбата меѓу министерот [Чавушоглу] и неговиот германски колега се очекува да се разгледаат прашањата за билатералните односи, односите Турција-ЕУ, Источниот Медитеран и регионалните теми“, се нагласува во соопштението.