Rıdvan Tandoğan
31 Мај 2018•Ажурирај: 01 Јуни 2018
БАЛИКЕСИР (АА) - Група жени во Турција со здружени сили изработија дрво на праска кое влезе во Гинисовата книга на рекорди како најголема скулптура на светот изработена од тантела, јавува Anadolu Agency (AA).
Вкупно 20 членки на Кооперација на претприемнички и активистки од градот Ѓонен во областа Баликесир, со своите вешти раце, создадоа склуптура на дрво на праска изработена од тантела.
Пред три месеци беше поднесено барање за вбројување на ова дело во Гинисовата книга на рекорди, а на церемонијата и службено присуствуваше Орхан Курал, претставник на Гинис за Турција, кој ги потврди мерките на скулптурата, а потоа потпиша и на заслужните им врачи сертификат.
Курал истакна дека речиси два метри високото и еден метар широкото дрво на процветана праска претставува вистинско уметничко дело. Им честиташе на сите кои учестуваа во проектот.
Претседателот на општината Ѓонен изјави дека изработката на тантела е симбол на турскиот народ, и им се заблагодари на вредните жени кои станаа гордост на градот.