Sefa Mutlu,Emin İleri,Abidin Mutlu Bozdağ
13 Јануари 2016•Ажурирај: 14 Јануари 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот премиер Ахмет Давутоглу ги посети повредените лица од вчерашниот терористички напад на плоштадот “Султанахмет” во Истанбул, јавува Anadolu Agency (АА).
Во посета на Универзитетската болница "Саматија" во Истанбул, Давутоглу беше придружуван од страна на германскиот министер за внатрешни работи Томас де Маизиере, турскиот министер за внатрешни работи, Ефкан Ала и министерот за здравство на Турција, Мехмет Муезиноглу.
Давутоглу при посетата, која траеше околу 20-тина минути, беше придружуван и од неговата сопруга Саре Давутоглу.
Во оваа болница престојуваа тројца германски и еден норвешки турист кои беа повредени во терористичкиот напад на плоштадот "Султанахмет" Истанбул.
Потоа премиерот Ахмед Давутоглу ги посети повредените кои се на медицински третман во Универзитетската болница "Хасеки".