Enes Kaplan
19 Декември 2015•Ажурирај: 20 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Премиерот на Република Турција, Ахмет Давутоглу во Анкра приреди прем за таткото на задавеното дете Ајлан Курди, Абдулах Курди, јавува Anadolu Agency (AA).
Во септември оваа година светската јавност ја потресоа вознемирувачки фотографии на сириското момче Ајлан Курди кој беше пронајден на брегот на турскиот Бодрум.
"И нас не заболе срцето како и Вас. Сеуште ни е пред очите таа фотографија" , му рече Давутоглу на Абдулах Курди и додаде дека Ајлан зад себе остави нешто големо, и покрај тоа што почина толку млад.
"Да не го имаше него, никој не би ја разбрал драмата која ја преживуваат сириските бегалци. Да имавме стотици состаноци и стотици кампањи, ништо не би оставило толкаво влијание како што остави таа фотографија. И за Вас е чест што имавте такво дете кое остави така убава и голема оставина иако живееше кратко" , рече Давутоглу.
Абдулах Курди се заблагодари на се што Турција направи за сириските бегалци и поради целата помош која ја прати.
"Ние сте наши браќа. И Арапите и Курдите и Туркмените, сите сте наши браќа. Тие кои сакаат да постават разлики помеѓу нас, нема да успеат во тоа" , додаде Давутоглу.