Erdoğan Çağatay Zontur
17 Септември 2020•Ажурирај: 17 Септември 2020
АНКАРА
Безбедносните сили неутрализираа најмалку двајца терористи во југоисточна Турција, соопштува Министерството за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Како дел од операцијата „Јилдирим-1 Џуди“, терориристите беа цел на локалната жандармериска команда и Националната разузнавачка служба (MIT) во планината Џуди во областа Ширнак“, се вели во соопштението.
Припадноста на терористите не беше спомената, но терористичката ПКК е активна во регионот.
Ова лето, Турција реализира низа безбедносни операции со цел неутрализирање на терористите за кои се верува дека се сокриваат во источниот и југоисточниот дел на земјата.
ПКК е сепаратистичка терористичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.