Gözde Bayar
17 Ноември 2021•Ажурирај: 17 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Во Вашингтон се одржа состанок на делегации на високо ниво од полето на одбраната меѓу турски и американски претставници, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На состанокот, за кој Министерството соопшти дека е одржан во позитивна и конструктивна атмосфера, делегациите размениле ставови за билатералната и регионална одбрана и за безбедносните прашања.
Делегациите од турското и американското Министерство за одбрана се согласија да го одржат следниот состанок во главниот турски град Анкара.